Официјално: Луан Пипкинс нов плеј на КК Гостивар
Гостивар, 22 август 2022 (МИА) Управата на КК Гостивар објави дека американецот Луан Пипкинс (Luwane Pipkins) е нов играч на прволигашот од Гостивар. Во клубот се очекува да завршат и преговорите за засилување на центарската позиција, со што ќе се реализираат амбициите за претстојната сезона.
Според информацијата од клубот, станува збор за 26 годишен плејмејкер со висина од 180 см. Тој минатата сезона настапувал во Грузиската прва лига за тимот Рустави (Rustavi). Овој плеј има импресивна статистика со просек од 15.9 поени, 3.9 скока, 5.2 асистенции и 2.7 украдени топки по натпревар.
Американецот Пипкинс на европско тло претходно има играно и во Португалска прва лига.Во неговата биографија стои е роден во 1996 година во Чикаго (Илиниос САД) и бил член на една од поуспешните колеџ екипи, Providence Friars.
Од управата на КК Гостивар искажуваат задоволство од постигнатиот договор и му посакуваат добредојде во новиот клуб со желба да има одлична сезона. Во формирањето на костурот на тимот што ќе се натпреварува во новиот прволигашки циклус, останува да се пополни позицијата „пет“ со уште еден квалитетен центар. згм
Коментарите се затворени.