Роднинска караница завршила со женска тепачка

Гостивар, 23 август 2022    Две жени биле приведени откако нивна роднина ги пријавила за физички напад во нејзиниот дом. Поводот била караница по меѓусебни недоразбирања.

Според СВР Тетово, полициски службеници на ОВР Гостивар вчеравечер (22 август) во 21 часот и 30 минути ги лишиле од слобода 57-годишната Љ.Ф и 29-годишната Л.Ф. од гостиварска Лакавица. Двете, биле пријавени еден час пред тоа од нивна 45-годишна роднина дека во семејниот дом во Гостивар физички ја нападнале.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад биле нивни меѓусебни недоразбирања. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коментарите се затворени.