Гимназијата наскоро со нови прозорци

Гостивар, 28 август 2022 Гостиварската гимназија ќе стане енергетски поефикасен објект. Во тек втората фаза за замена прозорските окна, проект вреден близу 4 милиони денари.

Од локалната самоуправа информираа дека во Средното општинско училиште „Гостивар“ вчера започнала втората фаза од замената на прозорците со што ќе се заокружи целосната замена на старите со нови енергетско ефикасни прозорци.

            – Овој проект, чија цел е да се заштеди енергија за затоплување и функционалност на зградата беше насочен кон замена на 90 прозорци. Тоа беше неопходно, бидејќи добар дел од нив беа и нефункционални, велат од општина Гостивар.

Во првата фаза, пролетва, беше реализирана замената на прозорците од предната страна на зградата со грант како дел соработката со УСАИД и Проектот за меѓуетничка соработка на младите во училиштата. За таа намена беа обезбедени 1,7 милиони денари, а за втората фаза локалната самоуправа инвестираше уште два милиони денари.

згм

Коментарите се затворени.