За неносење кацига, казнети 16 мотоциклисти

Гостивар, 30 август 2022    Полициски службеници на СВР Тетово денеска (30 август) од 9 до 14 часот на гостиварско подрачје спровеле засилена акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и адекватно санкционирани 17 прекршоци.

Најголемиот број (16) се однесувале на некористење заштитна кацига, односно шлем. Еден управувал без потребната возачка дозвола.
Од СВР Тетово уште упатуваат апел до мотоциклистите целосно да ги почитуваат важечките сообраќајни знаци, правила и прописи, да не возат пребрзо, задолжително да користат заштитна опрема и да не создаваат голема бучавост, посебно во вечерните часови.

            – Пред да седнат на мотоцикл, задолжително да ја посетат законски предвидната обука и да го положат возачкиот испит, зашто на тој начин најдиректно придонесуваат за својата лична и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, наведуваат од СВР Тетово.

За да се спречат и навреме откријат технички неисправните мотоциклисти, пребрзите, пребучните и оние кои се движат без заштитните кациги, во наредниот период ќе реализираат вакви или слични контролни активности.

згм

Коментарите се затворени.