Во тепачка на улица, едно лице прободено со нож
Гостивар, 28 август 2022 Полицијата, два часа по полноќ, привела три лица под сомнение дека учествувале во тепачка во која едно лице биле повредено со нож.
Според МВР, ноќеска во 2.20 часот во Полициска станица Гостивар приведени биле Ш.Т.(28), Л.С.(48) и А.Џ.(45) сите од Р. Албанија. За нив постои основано сомнение дека на 27.08.2022 околу 20.45 часот во близина на угостителски објект по претходна расправија и меѓусебна физичка пресметка со нож бил прободен 28 годишниот Ц.А. од Албанија. Повредениот бил пренесен во болницата во Гостивар за укажување на лекарска помош.
Според првичните сознанија, за нанесување на повредата е осомничен Ш.Т. кој по задржувањето и изготвување на поднесок, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Гостивар.
Коментарите се затворени.