ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !!! Денес ќе се прска против комарци
Гостивар, 5 септември 2022 Од полноќ до утре наутро на гостиварското подрачје ќе се прска против комарци. Во овој период пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Од општина Гостивар информираат дека на 05.09.2022 (понеделник) на подрачјето на општина Гостивар ќе се изврши втората сувоземна (терестичка) дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.
– Дезинсекцијата ќе се врши после полноќ до раните утрински часови, доколку се поволни временски услови. Во случај на врнежливо време или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или за некој нареден ден.
За оваа активност што ја спроведува ДПТУ Пронто Дооел, се употреби хемиското средство Куфлак 50 ЕЦ.
Од локалната самоуправа упатуваат апел: со кој ги повикуваат пчеларите да ги преземат соодветни мерки за да ги заштитат пчелите.
Второто прскање против комарци беше предвидено за 22 август, но се одложи поради неповолните атмосферски услови.
Коментарите се затворени.