Ловџиите и полицијата разговараа за прописите и спречување на злоупотреба на ловечкото оружје
Гостивар, 12 септември 2022 Претставници на ловечките здруженија и полицијата (Отсек за превенција) изминативе денови (10 и 11 септември) имаа превентивно-информативни средби.
Од СВР Тетово информираат дека тоа биле работни средби раководствата на гостиварските ловечки друштва „Кучибаба“ и „Муфлон“, на кои се актуелизирале законските обврски на друштвата и нивните членови во тек на штотуку започната нова ловечна сезона.
– Најмногу се обрна внимание на почитување на пропишаните критериуми, норми и стандарди кои произлегуваат од Законот за лов и Законот за оружје. При тоа, на претставниците посебно им беше укажано на потребата од доследно почитување на соодветната законска регулатива, додека тие од полициските службеници побараа почести проверки на ловџиите: Кога и со чие оружје излегуваат на лов, со сопственото или со позајмено од други лица, информираат од СВР Тетово.
Едно од поважните прашања кое било актуелизирано и побарано се однесува на оружјетото кое е наследено.
– Се побара, исто така, да се изнајде практична можност повремено да се проверува техничката исправност на оружјето, како и решение за наследено ловечко оружје од починат родител или друг близок во фамилијата.
Вакви средби на почетокот на овој месец беа организирани и со четирите ловечки друштва од поширокото тетовско подрачје.
згм
Коментарите се затворени.