Промовиран проект „ГОСТИВАР ПОВИКУВА: АЈДЕ НА ПЛАНИНА!“

Гостивар, 22 септември 2022 Здружението Асоцијација за демократски иницијативи-АДИ и Здружението планинарски спортови-Шар го презентираа проектот за унапредување на планинарскиот и алтернативен туризам во општина Гостивар Проектот „Гостивар повикува: Ајде на планина!“. Негова цел е да се придонесе во локалниот економски развој и да ги стимулира угостителството, занаетчиството и рурален алтернативен туризам.

            На вчерашната презентација во Центарот за млади и заедницата (Youth and community Center) пред Гостивар пред претставниците на повеќе планинарски, еколошки и други здруженија и заинтересирани граѓани беа најавени дел од активностите и приоритетните планинарски патеки.

            – Граѓанските организации се партнери на општините и ги поддржуваат во обезбедувањето на потребите на локалните заедници. Проектот ќе ги зајакне човечките ресурси за планинарски и алтернативен туризам, ќе развие нови содржини на патеки (планинарски, велосипедски) и запознавање со природните и културните потенцијали на општината, рече Љулзим Хазири, извршен директор на АДИ.

Од локалната самоуправа најавија дека ќе учествуваат во финансирањето на проектот со дваесет проценти и според Ваљбон Лимани претседател на општинскиот совет, оваа активност во значајна мера ќе придонесе за развој на планинскиот туризам и во поттикнувањето на младите да практикуваат здрав начин на живот.

Партнерите во проектот Здружението планинарски спортови-Шар очекуваат одзив од заедницата со оглед дека изминатите години планинарскиот и алтернативен туризам, бележи подем и во светски рамки. Според планинарскиот водич Исмет Шурбан, фокусот на активностите ќе биде ставен врз помладата генерација.

            – Тоа ќе резултира со поголеми придобивки како што се: животен стил и добро здравје, посета на локалитети од природно значење, учење за биодиверзитетот на планините и поширокиот регион, планинарска култура, заштита на животната средина и слично, рече Шурбан.

На презентацијата низ дискусија беа дадени и конкретни предлози за планинарски и велосипедски патеки кои ќе се уредат согласно меѓународни стандарди и законските прописи.

згм

Коментарите се затворени.