Уапсени пет лица, полицијата им нашла дрога во кола

Гостивар, 25 септември 2022     Петмина гостиварци за уапсени и приведени во откако во возилото со кое се превезувале била најдена дрога. Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за хероин.

Од СВР Тетово, информираат дека вчеравечер (24 септември) околу 23 часот и 45 минути, на наплатната станица Тетово-Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар ги лишиле од слобода: М А.(60), А.А (49), А.Б.(23),Ј.И.(51) и Г.Ј.(65), сите од Гостивар. При преглед на возилото “фолксфаген пасат” со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена кафеава прашкаста материја.

Петте лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Коментарите се затворени.