Премиера на претставата „Младоста пред суд“ на Културното здружение „Дунек“

Гостивар, 28 септември 2022 (МИА) – Убава вест за љубителите на театарската игра. Од  Културното здружение „Дунек“ најавуваат дека во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар в петок премиерно ќе биде изведена претставата „Младоста пред суд“. Станува збор за општествено-политичка и социјална драма со трилер реалистични моменти.

Новиот проект на „Дунек“ во соработка со Ценатрот за култура  Во Центарот за култура АСНОМ во во кој се прикажува судбината на децата, но, исто така на родителите.

– Преставата е работена на драмски текст во кој дејствието се случува по Втората светска војна во Амстердам и се однесува на истрагата за убиството на познатиот политичар, новинар и јавен работник, Едвард Мастерс. За убиството се осомничени се тројца млади, помеѓу кои и една малолетничка. Покрај убиството, дејствието истовремено го доловува општеството, изградбата на државата по војната и вредностите кои истата ги застапува, неведуваат од Дунек.

            Улогите ги толкуваат Судијата – Нинослав Нанков, Инспекторка Клара Деверт – Нада Спасеска, Инспекторка Де Брин – Теодора Волческа, Марија Далдерс – Марија Пандиловска, Пит Ван Дорн – Филип Срезоски, Герарт Никерт – Митко Тофилоски, Ана Далдерс – Ивана Мерџаноска,

Гертруда Петронела Хогендорс -Теодора Матеска и Полицаецот – Александар Билбилоски.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Нешкоски, а техничкото водство е на Александар Нешкоски.

Предпремиерата е закажана за 30 септември од 20 часот во Центар за култура

„АСНОМ“ во Гостивар, а премиерта ќе биде ќе биде изведена и утредента, на 1 октомври. Со оглед на камерниот карактер на претставата, бројот на влезници (цена 200 денари) е ограничен и за една изведба се планирани по 100 седишта во гледалиштето..

Коментарите се затворени.