Болницата доби сметка за струја од 45 илјади евра, најавуваат проблеми во работата

Гостивар, 29 септември 2022 (МИА Гостиварската општа Болница „Ферид Мурад“ може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800%. До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари.

За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на примена на мерките за заштеда на електрична енергија.

            – Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата на што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.

Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата

Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за месец август 2021 година во однос на фактурата за месец август 2022 година бележи пораст од 451%. Болницата треба да плати за август 2022 година 2.800.517 денари (45.536 евра).

Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.

            – Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад.

Во продолжение ви ја пренесуваме анализата на болничките служби;

– Фактура за месец август 2018 година (431.457 ден, 7.015 евра),

– Фактура за месец август 2019 година (465.663 ден, 7.571 евра, +8% зголемување во однос на месец август 2018 година),

– Фактура за месец август 2020 година (379.202 ден, 6.166 евра, -23% намалување во однос на месец август 2019 година),

– Фактура за месец август 2021 година (507.872 ден, 8.258 евра, +34% зголемување во однос на месец август 2020 година), – Фактурата за месец август 2022 година (2.800.517 ден., 45.536 евра, +451% зголемување во однос на месец август 2021 година).

згм

Коментарите се затворени.