Со масовно скокање со јаже заврши Европската недела на спортот
Гостивар, 1 октомври 2022 Со учество на над три стотини деца и граѓани вчера на градскиот плоштад, беше организрана завршната активност на „Европската недела на спорот“ во општина Гостивар. Под мотото BeActiv (Биди активен) ученици од повеќе основните ги покажаа вештините во скокање со јаже.
– Главната цел на овој настан е да ги поттикне децата што повеќе да спортуваат, бидејќи само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави спортски навики, рече Амир Биљали, заменик директор на Агенцијата за млади и спорт.
Овој проект се реализираше во 40 општини со различни рекреативни и спортски настани, како групно скокање со јаже, велосипедски трки, ноќно качување на Водно, кросфит активности и турнир во кошарка кои рамки на Европската недела на спортот се одвиваа од 23 до 30 септември.
Проектот „Европска недела на спортот“ е финансиран од Европската Унија и има за цел да ја подигне свеста кај децата за бавење спорт и рекреација од најмала возраст.
Коментарите се затворени.