Против сезонски грип ќе се вакцинираат илјада гостиварци

Гостивар, 19 октомври 2022 (МИА)   На првиот ден од почетокот на вакцинирањето против сезонски грип, во гостиварскиот центар за јавно здравје се појавија над шесетина лица. Според планот на здравствените власти во гостиварско ќе бидат аплицирани илјада дози.

Вакцината бесплатно ја примаат лицата со приоритет односно оние со над 65 години, хронично болни, трудници и деца до 5 години, кои претходно најавиле веб-страницата vaccinia.mk.

Од епидемиолошкото одделение на гостиварската подрачна единица на Центар за јавно здравје појаснуваат дека пријавените се известуваат за времето со СМС порака преку системот „Мој термин“. Епидемиологот Благородна Мишкоска Војноска напоменува дека вакцините за овие групи граѓани се бесплатни, а останите може да се имунизираат, но ќе треба да платат.

– На располагање ни се 1.000 дози од вакцината. Таа е безбедна и не предизвикува никакви компликаци. Лицата кои се вакцинирани против Ковид 19, може веднаш да се ја примат, бидејќи нема временско ограничување од еден до друг тип на вакцина, вели Мишкоска Војноска.

На првиот ден интерсот е голем, оценуваат епидемилозите, бидејќи до пладне вакцина примиле шеесетина лица, главно повозрасни.

Здравствените работни препорачуваат против сеозонски грип да се вкацинират особено постарите лица, доколку сакаат да си го заштитат здравјето во зимскиот период.

Годинава, здравствените власти обезбедија  40.000 дози вакцина против сезонски грип кои ќе се аплицираат бесплатно и до денес се пријавиле 27 илјади граѓани. За останатите граѓани кои не спаѓаат во приоритените групи, односно за комерцијално вакцинирање, таа чини 800 динари.

згм

Коментарите се затворени.