Средното медицинско училиште доби нова, енергетски ефикасна фасада

Гостивар, 21 октомври 2022 (МИА) Училишната управа на средното медицинско училиште и општинското раководство ја промовираа последната инвестиција со која објектот доби поубав изглед и стана енергетски ефикасен. Работите на надворешноста започнаа пред еден месец, опфатија замена на старата фасада, олуците и уредување на спортските терени и дворот.

Директорот на училиштето Ељбаш Абази дека била фасадирана површина од околу 1.300 метри, а со ангажирање на учениците и невладини организации направен е спортскиот терен уредување на дворот.

            – Покрај поубавиот изглед, фасадата значајно придонесува во заштедување на енергија. Престојот и работата сега се попријатни, а тоа го почувствуваа и наставниците и учениците, особено овие денови кога температурите паднаа, рече Абази.

Во посета на училиштето беше и делегација од локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Арбен Таравари кој напомена дека оваа инвестиција дошла во вистински момент, заради како што рече, во време на енергетска криза секоја заштеда е добредојдена.

Во реконструкцијата на фасадата биле вложени околу 2,5 милиони денари. Пред извесно време, во објектот на училиштето беа заменети прозорците со што станува енергетски ефикасен.

Коментарите се затворени.