Пронајдено безживотното тело на исчезнатиот гостиварец

Гостивар, 2 ноември 2022 (МИА)  Заврши потрагата по гостиварецот кој пред во неделата беше пријавен дека исчезнал на падините на Шар Планина во атарот на селото Пожаране. Група составена од полициски служебници и жители од околните села околу пладне го нашле безживотното тело на К.Ј. (87) во шумски предел во атарот на соседното село Врапчиште.

Телото е идентификувано од најблиски на К.Ј. кој на 30-ти минатиот месец беше пријавен дека во близина на селото Пожарене собирал шумски плодови и потоа исчезнал.

            Од СВР Тетово информирааат дека по тридневна интензивна потрага на поширокиот регион околу гостиварското село Пожаране, полициски службеници на ОВР Гостивар, во содејство со екипи на МВР и мештани, денеска (2 ноември) околу 12 часот и 40 минути во близина на фабрика за мебел, во атарот на гостиварско Врапчиште, во шума, го пронашле безживотното тело на 87-годишниот гостиварец К.Ј.

            – Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши и обдукција.Од извршениот лекарски преглед ба телото не се констатирани траги на насилство, наведуваат од СВР Тетово.

згм

Коментарите се затворени.