Tурнир во шах за ученици од основни училишта
Гостивар, 12 ноември 2022 (МИА) – Четириесетина ученици од гостиварските основни училишта учествуваа на меѓучилиштен шаховски турнир. Низ систем од седум кола ќе се одберат, талентираните млади шахисти кои ќе настапат
како претставници на Гостивар на државното екипно првенство за деца и млади кое го организира Шаховската федерација на Македонија.
Пред почетокот на турнирот во ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк, организаторот на турнирот ШК „Гостивар“ ги појасни пропозициите и системот на натпреварување кое се одвива со поддршка на локалната самоуправа. Првиот човек на општината, Арбен Таравари, кој одигра неколку потези на црно-белата табла, на отворањето истакна дека шахот значајно влијае врз развојот на децата, но и за откривање на таленти.
– На ваков начин го поттикнуваме здравиот раст и развој на младите и силно верувам дека утре се гордееме со нивните достигнувања, рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.
Претседателот на ШК „Гостивар, Воислав Мерџаноски освен што, децата излегуваат од секојдневието, се дружат и забавуваат, најдобрите идниот викенд ќе бидат дел од тимот што настапи на Државното екипно првенство.
Во Општина Гостивар, годинава се спроведуваат активности за внесување на шахот како изборен предмет во наставата, а пред извесно време беше организирана и обука на наставници кои ќе воведуваат децата во „древната игра“
згм
Коментарите се затворени.