Иселеник, еминентен професор го доби клучот на градот

Гостивар, 17 ноември 2022 – Али Беба, гостиварец кој подолго време живее надвор од границите на Македонија го доби „клучот на градот“ како симбол на пријателството. Овој еминентен стручњак кој моментно живее, денес беше во посета на општина Гостивар и се сретна со градоначалникот.

– Г-дин Беба е подготвен да го донесе своето знаење и искуство во својата родна земја, во Гостивар, за да ја развие локалната економија и како да се примени обновливите извори на енергија, изјави по средбата градоначалникот Арбен Таравари.

По приемот, во знак на благодарност на Беба му беше врачен „клучот на градот“ плакета која се доделува на пријателите на Гостивар.

Али Беба, кој по потекло е од Гостивар, изминативе години работи и предава на темата обновливи извори и интегрирање на иновациите во пракса. Тој соработува со универзитети во САД, Турција и Хонгконг и е сопственик на компанијата BEBA INNOVATION & ENTREPRENEURSHIP FOUNDATION кој обезбедува услуги за иновативни проекти.

згм

Коментарите се затворени.