Подновено училиштетo во Циглана со нови прозорци и фасада

Гостивар 24 ноември 2022 (МИА) – На пригодна свеченост и во присуство на општинското раководство, во гостиварската населба Циглана беше промовирана инвестицијата со која значајно се подобро енергетската ефикасност на објектот на подрачното училиште „Единство“ во населба Циглана.

Првиот човек на општината, Арбен Таравари напомена дека вложувањето која е од општинскиот буџет, во ова време на енергетска криза е повеќе од потребна и со неа, објектот освен што ќе се заштедува на енергија, доби современ изглед.

            – Денес ги промовиравме вложувањата во подрачното основно училиште „Единство“ во населба Циглана. Инвестицијата опфаќа замена на старите и дотрајани прозорци, внатрешно реновирање на училниците и обновување на надворешноста со нова фасада, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Тој нагласи дека за локалната самоуправа и понатаму меѓу главните приоритети останува образованието и образовната инфраструктура во основните и средните училишта во Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.