Kреативна работилница и дружење по повод Светскиот ден на лицата со попреченост

Општина Гостивар, во соработка со неколку здруженија и Центарот за социјална работа, по повод на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост организираше настан под мото „Дарувај љубов, за да добиеш љубов“. Членови на здруженија кои се грижат за деца и лица со попреченост цртаа и испишаа пораки со кои ја истакнаа потребата од инклузија во општеството.

-Ова е можност децата преку игра и активност да остварат меѓусебно дружење. Самото мото „Дарувај љубов, за да добиеш љубов“ е своевидна покана до сите наши сограѓани, бидејќи овие деца знаат да даваат многу љубов, рече Маргарита Милошеска, координатор на Ресурсниот центар.

Таа најави дека во наредниов период, во рамки на промовирање на работата на Ресурсниот центар, нивните волонтери ќе им помагаат на семејствата кои имаат лице на кое му е потребна нега. Азби Шаќири, раководител на Центарот за социјална работа во Гостивар, напомена дека на подрачјето од три општини Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште има околу 240 семејства кои се корисници на права за оваа категорија. Според него, институциите и здруженијата треба да бидат во тесна соработка со што на децата ќе им се овозможат вакви активности, наместо да престојуваат постојано во нивните домови. згм

Коментарите се затворени.