Во Стенче ќе се слави патрониот празник на црквата Св. Екатерина

Гостивар, 6 декември 2022    „Св великомаченица Екатерина“, патрониот празник на црквата во селото Стенче во среда ќе се прослави со литургија и водосвет. Оваа црква неодамна беше осветена и е значајана по тоа што е единствен православен храм кој во Македонија е посветен на оваа светица.

По тој повод, Црковниот одбор и Милетинска парохија ги покануваат сите благочестиви христијани, утре (7.12.2022) да присуствуваат на Света Боженствена Литургија, која ќе започне во 8:00 часот во црковниот храм света Екатерина. По завршувањето на литургијата ќе се изврши водосвет и прережување на кумските лебови.

Од МПЦ ОА, Тетовско-гостиварска православна епархија и црковно настојателство Св. Великомаченица Екатерина од село Стенче по овој повод наведуваат:

„Ве покануваме да дојдете што помасовно да го обележиме и прославиме овој патрон празник на нашиот храм“.

Со почит: Црковен одбор Света великомаченица Екатерина Село Стенче

Коментарите се затворени.