Пистателите во карван на литературно читање во Гостивар

Гостивар, 12 декември 2022 (МИА) Петмина афирмирани писатели учествуваа во литературното читање во центарот за култура „АСНОМ“, кое заеднички го организираа градската библиотека и Друштвото на писатели на Македонија.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески нагласи дека овој настан покрај популаризирањето на пишаниот збор е и дел од настаните со кои ДПМ одбележува 75 години од формирањето. Настапите на писателите ги проследија ученици од основните и средните училишта и љубители на пишаниот збор од Гостивар

            – Претставува радост, што градот Гостивар ги отвори своите врати за нас друштвото на писатели, како најголема асоцијација на писатели во Македонија. Со овој карван сакаме повторно да им се вратиме на читателите и да почнеме да создаваме публика од најмали нозе, рече Петрески.

Тој напомна дека изминативе денови, членови на ДПМ посетуваат училишта, домови на култура, библиотеки и други културни установи и институции низ Македонија, а особен акцент, како што рече се става на градинките.

На читањето во малата сала на центарот за култура покрај Петрески, настапија и Кристина Николовска, Горјан Петревски, Сена Ариф, а со посебна покана настапи и гостиварскиот поет и Љуљзим Хазири.

згм

Коментарите се затворени.