Општина Гостивар стана дел од проектот „Со општинските совети за превенција кон подобрена соработка“
Гостивар, 16 декември 2022 (МИА) Со потпишување на меморандум за соработка со Центарот за европска стратегија „ЕВРОТИНК“ општина Гостивар се приклучи кон проектот „Со општинските совети за превенција кон подобрена соработка“.
На средбата, градоначалникот Арбен Таравари со претставниците на „Евротинк“ било разговарано околу деталите за новата соработка.
– Општина Гостивар ќе го поддржи „ЕВРОТИНК“ со консултации при креирање прашалници за локални проблеми и потреби на граѓаните. Од активности е предвидено редовно објавување на информации за работата на Локалните совети за превенција на веб-страницата и социјалните мрежи, наведуваат од службата за информирање во општина Гостивар.
Со проектот „Со општинските совети за превенција кон подобрена соработка“ ќе се промовираат процесите на соработка помеѓу општините, полицијата и граѓаните за унапредување на партиципативното одлучување во полицијата. Меѓу другото една од целите е зајакнување на функционирањето на локалните превентивни совети (ЛСП), тело кое делува во областа на безбедноста, со инфраструктурен, општински и социо-културен карактер.
Потпишувањето на меморандумот е дел од активностите на проект кој поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија.
згм
Коментарите се затворени.