Во две излетувања на автомобили, повредени три лица

Гостивар, 22 декември 2022  Изминатово деноноќие регистрирани се сообраќајки во кои со повреди се задобиле три лица. Во двата случаи, возачите изгубиле контрола и излетале од коловозот.

Во првиот кој е регистриран во 08.30 часот потешко е повредена, жена совозач. Според СВР Тетово на локалниот пат од Градец кон Боговиње,  близу Пирок, патничко моторно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(19) од с.Градец, излетало од патот и удрило во ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото П.А.(20) од с.Градец, а со телесни повреди се здобила Е.Б.

Втората сообраќајка е регистрирана на автопат при што возачот на автомобил задобил скршеница. Околу, пладне на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Пирочки натпатник, патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Гостивар излетало од коловозот и удрило во ограда. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар.

Во двата случаи бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Коментарите се затворени.