Потпишан меморандум за збратимување на општините Улцињ и Гостивар
Гостивар, 23 декември 2022 (МИА) – Со потпишувањето на меморандумот за соработка, општините Гостивар и Улцињ (Црна Гора) го започнаа процесот на збратимување и поинтензивна размена на повеќе нивоа.
Домаќинот, градоначалникот на општина Гостивар во кабинетот ја пречека делегацијата во која покрај градоначалникот на Улцињ Омер Бајрактари, беше и амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, а на средбата зборуваа за натамошната соработка.
На пригодната церемонија, потписи на меморандумот ставија двајцата градоначалници кои искажаа благодарност до амбасадата во Скопје која придонела идејата за зближување да се конкретизира.
– Улцињ е познат на гостиварци, со оглед дека е омилена дестинација за летните одмори, но и по тоа што наши сограѓани имаат блиски врски со тамошната економија. Наскоро сите формалности ќе се заокружат и збратимувањето ќе биде официјализирано на 1 април, токму на денот на општина Улцињ, рече Таравари.
Гостинот од Црна Гора, Бајрактари искажа пофални зборови за гостопримството на гостиварци и како што нагласи, иако слушал, сега и лично се уверил. Тој напомена дека соработката на двете општини ќе се развива со размена на искуства и унапредување на средините од кои доаѓаат.
згм
Коментарите се затворени.