Уапсена жена, ограбила дуќан
Гостивар, 5 јануари 2023 – Вчеравечер била уапсена жена која се сомничи дека со закана од продавачка во дуќан одзела пари. Таа била задржана во полициска станица Гостивар до расчистување на случајот.
Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар на 4 јануари околу 21 часот и 30 минути, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, ја лишиле од слобода Е.Ј. (39) од Скопје со времен престој во Гостивар. Таа се сомничи поради нејзина инволвираност во разбојничка кражба пријавена на 31-ви минатиот месец во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар. Е.Ј. е задржана и по документирање на случајот ќе ѝ биде изготвен соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.