Крстот во Гостивар го фати дутлочанецот Роберт Исаиловски
Гостивар, 19 јануари 2023 Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Роберт Исаиловски. Овој студент по социјална работа, од триесетината гостиварци кои влегоа во реката и насобраните верници кои дојдоа да го чествуваа празникот, доби доби честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба. Тој откако доби благослов и честитки од митрополитот г. Јосиф им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, на митрополитот г. Јосиф, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. пеејќи ја песната „Во Јордање“. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката.
Традицијата на славење на Водици во Гостивар беше возбновена во 2015 година по речиси седум децениска пауза.
Моменти од годинешната прослава можете да погледнете тука на пофилот на фотографот Небојша Нено Петревски и неговата екипа од ПроКам студио.
Коментарите се затворени.