Полни ќеси марихуана најдени во Сенокосе

Гостивар, 19 јануари 2023   По извршен претрес во куќа во гостиварско Сенокосе, откриена се над сто пакетчиња со марихуана подготвена за продажба на нелегалниот пазар. Полицијата привела едно лице кое може да биде осомничено за трговија со наркотични дроги

Според СВР Тетово утрово (19.01.2023) во 00.45 часот во гостиварски Сенокос полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Џ.(32).

– При претрес во истото село извршен со судска наредба во домот и други помошни простории каде што живее И.Џ. и при преглед кај него му биле пронајдени и одземени три поголеми ќеси со поединечни пакувања марихуана и дигитална вага, наведуваат од СВР Тетово.

По претресот, И.Џ е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе следи и соодветен поднесок.

Коментарите се затворени.