ДСЗ и општина Гостивар ќе организираат обуки за спречување ризици при земјотреси

Гостивар, 6 февруари 2023 Гостиварската локална самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување планираат обуки за намалување на ризиците од елементарни непогоди и во случаи на земјотреси.

По тој повод, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари оствари средба со претставниците на ДСЗ на која тема на разговор беше кампањата и обуките на тема „Намалување на ризиците од земјотресот“.

– Оваа кампања ќе се одвива во основните и средните училишта и нејзина цел е спречување на ризици во случај на земјотрес. Во неа, општина Гостивар ќе соработува и ќе ја координира, наведуваат од општина Гостивар.

На средбата е договорено и во иднина да се организираат заеднички обуки за други кои се однесуваат на заштита од елементарни непогоди. Како најпогодно, за ова беше посочена Летната школа која се организира за време на летниот распуст.

Градоначалникот Таравари искажа задоволство и им се заблагодари на претставниците на ДЗС за иницијатива и притоа ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа за соработка, кои како се наведува во соопштението се иницијативи за доброто на граѓаните.

Коментарите се затворени.