Општина Гостивар испрати спасувачки тим во Турција

Гостивар, 7 февруари 2023 (МИА) Осум пожарникари од Територијалната противпожарна екипа – Гостивар денес заминаа за Турција заедно со хуманитарна помош. Тие ќе им помогнат на турските власти во санирање на штетите и ќе пружаат помош на тамошните жители по катастрофалните потреси кои го зафатија погодениот регион на Турција.

На испраќање, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, истакна дека пожарникарите се стручно обучени за пребарување и спасување.

– Со овој гест, Гостивар, тие им излегоа во пресрет на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Им благодарам на хероите на мојот град за подготвеноста и им посакувам многу среќа и исполнување на нивната мисија со чест и професионализам, изјави градоначалникот Таравари.Екипата која заминаа за Турција со себе ќе понесе и хуманитарна помош донирана од компанијата „Алмеро“.  

Во врска со шпекуалциите дека во погодениот регион има ученици од Гостивар, тој ги демантираше таквите наводи.

– Нема ученици од Гостивар кои организрано заминале во Турција, преку програмата “еразмус“ и тоа го проверивме уште вчера. Може некој да заминал самоиницијативно, но во органзиација на наши училишта нема и немаме податоци за нив, рече Таравари.

згм

Коментарите се затворени.