Решенија за вработување добија 13 пожарникари

Гостивар, 8 февруари 2023 Со врачување на новите решенијата за вработување, бројот на професионални пожарникари во гостиварската противпожарна единица надмина четириесет редовно вработени.

Првиот човек на противпожарна единица Јусуф Бајрами потврди дека вчера ги добиле решенијата за вработување на неопределено време за командири, пожарникари и возачи, но нагласува дека сè уште не ја исполнуваат законски пропишаната бројка на вработени. Тој очекува во наредниов период да се отворат уште конкурси со оглед дека имаат надлежност и делуваат во три општини во полошкиот регион.

          – Не само што се неопходни, туку и законот обврзува да има околу 80 пожарникари за подрачјето на кое делуваме. Засега сме половина од пропишаното и потребни ни сè уште пожарникари, изјави Јусуф Бајрами, раководител на ППЕ – Гостивар.

Тој дополни дека во единицата има сега има 58 пожарникари, од кои 14 се без решенија и се вработени по други основи.

Оваа единица, освен во општина Гостивар, интервенира и во соседните општини Врапчиште и во Маврово-Ростуша.

згм

Коментарите се затворени.