Казнети 13 возачи за непрописно престигнување

Гостивар, 16 февруари 2023 Во последната акција на сообраќајците низ гостиварско, казнети се тринаесет возачи кои престигнувале на недозволено место.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (15 февруари) од 10 до 14 часот имало акциска контрола за престигнување во која биле откриени и санкционирани 13 прекршоци.

– Сите се однесувале на непрописно престигнување и на прекршителите изготвени им се законски предвидените поднесоци. Тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 250 евра во денарска противвредност, а некои и со времена забрана за управување од три месеци до една година, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Ваквите акции ќе продолжат за да се подобри вкупната безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион.

Коментарите се затворени.