Гостиварци за Турција испратија над 100 илјади евра и два камиони со хуманитарна помош
Гостивар, 16 февруари 2023 По неколку акции кои се организираа во гостиварскиот регион за помош на настраданите во земјотресот во Турција, прибрани се над сто илјади евра и поголема количина на ќебиња, облека и хигиенски средства. Значајни средства обезбеди и гостиварското муфтиство, а голем придонес имаа и иницијативите на млади кои прибираа поголеми суми и донации.
Иницијаторите на најобемната акција и кампања за прибирање на хуманитарна помош која започна на 7 и заврши на 12 февруари ги објавија резултатите од како што рекоа, изразот на солидарност.
– За време на кампањата бевме длабоко трогнати од моралната и материјалната поддршка на нашите браќа Албанци, Македонци и Роми помошта на средношколците кои ја зајакнаа нашата солидарност, на што срдечно им благодариме, рече во обраќањето до јавноста, Садам Хусеин претставник на групата иницијатори.
Прибраните материјални средства: ќебиња, зимски чизми, капути, хигиенски материјали, детска облека и храна кои беа натоварени на камион со две приколки му се предадени на гувернерот на округот Ипсала и полицискиот оддел во Ипсала.
Во кутиите за донирање пари се собрани речиси 20 илјади евра (1.199.860 денари) се уплатени преку Здружението за солидарност и развој на Турците Гостивар на сметки на АФАД (Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Турција)
Од објавите по социјалните мрежи потврдено е прибирање на поголема сума на пари преку институции и здруженија. Од гостиварското муфтиство потврдија дека изминативе денови, во хуманитарната акција која ја организирале собрани се речиси 56 илјади евра (55.936) група младинци од соседната општина Врапчиште над 20 илјади евра.
Имаше и три акции со лични донации во околните населби каде се средува документацијата, но првично станува збор за близу 30 илјади евра.
Во Гостивар и соседната општина Врапчиште живее најбројната турска заедница во Македонија и во изминатиов период беа остварени значајни соработки и изградени пријателски односи. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во два наврати го посети престојуваше во Гостивар
згм
Коментарите се затворени.