Акција на локалната власт: Да го чуваме Гостивар чист!
Гостивар, 19 февруари 2023 Градското комунално претпријатие спроведе акција за чистење на отпадот во населбата Циглана на повеќе локации. Неодговорниот однос на поединци во голема мера влијае врз создавање на диви депонии и ѓубришта кои ја нагрдуваат сликата во повеќе населби.
Убавото време вработените во ЈП Комуналец го искористија и со механизација уредуваа повеќе локации на јавни површини низ населбата.
– Апелираме до граѓаните да ја одржуваат чистотата. Планирани се еднократни отстранување на депониите, но и ќе се зајакне контролата за да се спречи неконтролирано исфрлање на отпад на јавни површини. За неодговорните ќе следуваат казни, наведуваат од општина Гостивар.
Коментарите се затворени.