Расчистена масовната тепачка на „балот“ во ресторан на 1 јануари

Гостивар, 24 февруари 2023     Инцидентот кој се случи на прославата организирана на првиот ден од јануари годинава, полицијата го расчисти.  За учество во тепачка кривични пријави заработија дванаесет лица. При интервенцијата, двајца полицијаци беа повредени.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.И.(28), Џ.Џ.(28), С.Џ.(23), Џ.Х.(30), Р.С.(22), Ј.А.(45), М.Р.(26), А.Б.(22), И.Р.(47), Ш.Х.(49) и Б.Р.(17), сите од Гостивар и М.Х.(42) од Тетово.За овие лица постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Фото: ислустрација

– На 01.01.2023 во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Во тепачката биле употребени и тврди предмети, а при интервенција двајца полициски службеници се здобиле со повреди, наведуваат од СВР Тетово. Во мешаницата која настанала меѓу гостите заради меѓусебни недоразбирања едно лице беше повредено со нож, а повеќемина заработија повреди од удари со метални предмети.

Коментарите се затворени.