Драма во Врапчиште: расправија завршила со тупаници и закани со пиштол

Гостивар, 24 февруари 2023   Семејна расправија и недоразборања во Врапчиште добија непосакуван епилог. Повозрасен гостиварец кој претходно дошол во дворот на врапчиштанец и се заканувал со пиштол, наишол на отпор. Според нефицијални сознанија, „пиштолџијата“ бил совладан и заработил повеќе повреди по главата и телото.

The man hid the gun behind their backs robbery crime kidnapping

Од СВР Тетово информираат дека вчера (23 февруари) околу 18 часот, во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на ОВР Гостивар о лишиле од слобода 68-годишниот гостиварец Б.С.

– Тој половина час претходно бил пријавен од М.А. (49) од Врапчиште дека во дворот пред неговиот семеен дом му се заканил со пиштол. Според пријавеното, М.А. му се спротивставил и го совладал, при што Б.С. паднал и се повредил, наведуваат од СВР Тетово.

Пријавениот гостиварец Б.С. задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. 

Коментарите се затворени.