Уапсени тројца прилепчани, се сомничат за повеќе кражби
Гостивар, 28 февруари 2023 Три лица се лишени од слобода под сомнение дека сторители на повеќе кражби низ гостиварско. Прилепската „тројка“ е задржана во полициска станица за расветлување на нивната инволвираност и докажување на сторените дела
Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на ОВР Гостивар, вчера (27 февруари) на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар ги лишиле од слобода И.В.(48), Е.К.(23) и Д.К.(43), тројцата од Прилеп.
– За нив постои сомнение за нивна инволвираност во кражби извршени годинава на подрачјето. При лишувањето кај Е.К. бил пронајден и одземен метален боксирач. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат поднесоци, наведуваат од СВР Тетово.
Коментарите се затворени.