ВД амбасадорот на Германија на средба со Арбен Таравари, разговарале за поддршка на устваните измени
Гостивар, 28 февруари 2023 (МИА) – Вршителот на должноста амбасадор на Сојузна Германија, Ото Граф имаше средба со лидерот на политичката партија Алијанса за албанците и градоначалник на општина Гостивар на која се разговарало за актуелните состојби на политичката сцена.
На средбата во кабинетот на градоначалникот, гостинот Граф лично му го честиташе изборот на новите членови на владата и го поздрави овој потег за приклучување кон владиното мнозинство.
– Ние сме согласни дека граѓаните и граѓанките на оваа земја го гледаат својот пат кој води кон ЕУ и да се продолжи да се чекори по него. Следното што треба да се направи се уставните измени и на кој начин тоа би можело да се направи, изјави по средбата вд амбасадорот Граф.
Средбата, како што беше кажано, била договорена од претходно и е дел од досегашната соработката, а се реализира непосредно по изборот на новите членови на владата од редовите на АА. Домаќинот Таравари потврди дека приоритет на партијата ќе биде ангажирање во обезбедување на доволен број пратеници за изгласување на измените на Уставот на РСМ.. Било разговарано и за продолжување на досегашната соработка
– Ја истакнав вредноста од соработката во досегашните проекти во Гостивар на германската амбасада и покажаниот интерес за развивање на нови иницијативи. Го информирав г. Граф и со приоритетните проекти за Гостивар кои треба да се реализираат во наредниот период и со оние што досега ги имплементиравме, особено во училиштата и во областа на спортот, истакна градоначалникот Арбен Таравари. рече Таравари.
згм
Коментарите се затворени.