Седница на Совет на општина: Спортски клубови и здруженија ќе добијат пари од буџетот, определана солидарна помош за Турција
Гостивар 28 февруари 2023 На последната, 19-та седница на советот на општина Гостивар, која беше со обемен дневен ред беа донесени повеќе одлуки за поддршка на спортот и културата. Меѓу првите одлуки за издвојување на пари од општинската каса беше и финансиската помош за погодените од земјотресот во Турција. Предлогот на градоначалникот за издвојување на 300 илјади денари беше поддржан од сите советници
„Клучот на градот“ како почесен граѓани наскоро ќе му биде врачен на Ерион Вељиај, градоначалникот на Тирана, откако советниците дадоа „зелено светло“ за предлог одлуката тој да биде прогласен за почесен граѓанин.
На седницата која траеше речиси два часа, најмногу се зборуваше за распределба на парите наменети поддршка на спортот и културата. Во буџетот за оваа намена се предвидени над два милиони денари, но може да има и зголемување, бидејќи како што рече Ваљбон Лимани претседавачот на советот може да има и зголемување со ребаланс на буџетот.
Со изгласани предлог одлуки, прволигашот КК Гостивар треба да добие над 11 илјади евра (700.000 денари), а за второлигашот ФК Гостивар се издвоија 450.000 денари. На поддршка од општината може да сметаат и ФК Арсими од Чегране, параглајдинг клубот „Кондор“, градскиот шаховски клуб и ракометниот клуб Јехона. На барањето за поддршка на програмата ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ советниците „кренаа рака“ и ја поддржаа предлог одлуката.
Во дискусиите на повеќе советници беше забележано дека локалната самоуправа не ги исполнила обврските кон повеќе здруженија, клубови и поединци, иако биле донесени одлуки за доделување на парични средства и притоа препорачаа да вакви одлуки, доколку за нив нема можност да се реализираат. Заради блокирана жиро-сметка, општината не во можност да ги префрли парите кон корисниците, беше објаснето од службите.
Коментарите се затворени.