Филм за легендарните Ју Група – Тренутак сна ( „Yu Grupa – Trenutak sna“)

Гостивар, 2 март 2023   –  Многу интересна вест ни доаѓа од север и може да ги поттикне емоциите на повозрасните љубителите филмската и музчиката уметност. Станува збор за промоцијата на биографскиот филм на еден од најстарите „живи бендови“ на Балканот на големиот филмски фестивал ФЕСТ. Неодамна Ју Група со голем концерт одбележаа пет децении постоење (бендот е формиран во 1970 година)

Според пишувањата на медиумите и најавата од ФЕСТ станува збор за приказна за рокенрол група која ја надживеала земјата по која го добила името, но е приказна и за едно семејство.

 Филмот ги следи тројцата браќа Јелиќ кои се родени и растат заедно со новата Југославија, во 1940-тите. Од рецензиите може да се разбере дека станува збор за епско, но длабоко интимно дело, во кое се користени архивски материјали и претходно необјавени филмови од филмска камера Супер 8мм.

Овој филм се влезени 80 години живот, 60 и неколку години свирење рокенрол, 50 и неколку години од групата YU и 45 години поранешната земја. Материјалот за овој уникатен филм сниман е седум години и монтиран повеќе од две години.

Во филмот играат браќата: Жика Јелиќ, Драги Јелиќ, Раде Јелиќ, внукот (и син на Раде) Петар Јелиќ, Раша Ѓелмаш, Драгољуб Ѓуричиќ, Саша Радојевиќ – Жуле, а свои видувања имаат и Пеца Поповиќ, Синиша Шкарица…

Оригиналната музика за филмот ја компонираше Петар Јелиќ. Автор на плакатот е академскиот сликар Бобан Савиќ Гето, познат по илустрации, стрипови, концептуална уметност, дизајн на ликови и сценографија.

Ако некој панира да оди, тогаш да потсетиме дека ФЕСТ има дополнителни проекции: Петок 3 март 12:00 Сала МЦ, сала 1 и сабота 4 март 17:00 Cineplexx UŠĆE сала 1

Коментарите се затворени.