Стручно предавање: „Основни принципи на асеизмичко градење“
Гостивар, 3 март 2023 (МИА) – Во присуство на повеќе градежни инженери, архитекти и инвеститори во градежниот бизнис беше одржано предавање за подобрување на квалитетот на објектите и отпорност на земјотреси. Локалната самоуправа го организираше овој настан поттикнати од случувањата со земјотреси во Турција и Сирија за да се подигне свеста за квалитетот на градбите во гостиварско.
Во салата на Советот на општина Гостивар, дипл.инг.докторанд на Градежниот факултет во Скопје – Леарт Таравари, своите сознанија ги пренесе преку предавањето на тема: Основни принципи на асеизмичко градење.
Дел од учесниците имаа можност да дискутираат и низ прашања ги актуализираа состојбите со градежништвото. Нивниот заеднички заклучок беше дека градбите во Гостивар се според пропишаните стандарди, но сепак има потреба од зголемување на квалитетот при градба и почитување на градежните норми.
згм (фото: Општина Гостивар)
Коментарите се затворени.