За утре е најавен прекин во снабдувањето, без вода од 9 до 15 ч

Гостивар, 6 март 2023 – Шестчасовен прекин во снабдувањето со вода најавија од ЈП „Комуналец“ Според соопштението, корисниците кои се приклучени на градскиот водовод, ќе бидат утре (7 март) во периодот 9 часот до 15 часот попладне.

Од комуналното претпријатие очекуваат разбирање од граѓаните, бидејќи како што се наведува во соопштението се работи за планирани активности околу проект за подобрување на водоснабдувањето.

– Заради спроведување на последната фаза од работите за приклучување на резервоарот во село Здуње на главната водоводна линија што е рамки на проектот „СЕКО“, на 7 март (вторник) ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во целиот град од 9:00 до 15:00 часот. Се надеваме на вашето разбирање стои во известувањето.

Коментарите се затворени.