Во физички напад со нож прободен гостиварец, лишени три лица
Гостивар, 7 март 2023 По тепачка која се случила близу автобуската станица, едно лице е повредено со остар предмет, а три се уапсени.
Од СВР Тетово информираат дека денес (7 март) околу 10 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.М.(35) од гостиварска Долна Бањица, 37-годишната Л.А. од гостиварско Врапчиште и 25-годишната М.Ш. од Прилеп.
Трите лица, ноќеска (7 март) околу 2 часот биле пријавени од гостиварецот А.Р (27) дека на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар физички го нападнале и со остар предмет го повредиле.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
Коментарите се затворени.