Неодговорни камиониџии: Фатени шест превозници со неисправни возила
Гостивар, 7 март 2023 Неисправни сопирачки и други неправилности биле констатирани при последната контрола на превозниците и нивните товарни возила.
Според СВР Тетово, вчера (6 март) од 8 до 12 часот на гостиварското подрачјето спроведена е акциска контрола на товарни возила, во која биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила. Пет од контролираните возила имале неисправни сопирачки, а едно неисправни други уреди и опрема.
СВР Тетово упати апел до возачите на товарни возила, камиони, комбиња и други навреме да ја проверуваат техничката исправност пред да тргнат на пат, посебно сопирачките и уредите за управување.
– Но, и да не ги управуваат без положен возачки испит или со истечена регистрација. Им се укажува и да внимаваат на товарот, односно соодветно да го обезбедат товарот што го пренесуваат и тој да биде во пропишаните количини.
Коментарите се затворени.