Фатени крадците кои провалија во стоматолошка ординација во Неготино
Гостивар, 10 март 2023 Приведени и лишени од слобода се две лица кои се сомничат дека извршиле кражба на опрема од стоматолошка оридинација во селото Неготино полошко.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (9 март) околу 21 часот и 45 минути во Неготино – Полошко, се лишени од слобода Ф.Х. (27) и малолетник од ова село.
– Тие се сомничат дека на 8 март извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кражбата, наведуваат од СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат поднесоци.
Коментарите се затворени.