Гостивар и Витина (Косово) заеднички ќе користат средства од ИПА фондовите

Гостивар, 10 март 2023 (МИА) Општина Гостивар и општина Витина (Косово) заеднички ќе користат средства од ИПА фондовите преку проекти за подобрување на инфраструктурата. Ова беше главна тема на средбата помеѓу градоначалниците, Арбен Таравари и Сокол Халити, на која меѓу другото се разговарало и за меѓусебната соработка и натамошниот тек за заедничката апликација. Од оваа соработка Гостивар ќе добие нов пешачки мост над Вардар.

Градоначалникот Таравари искажа задоволство од посетата, на како што рече, пријателот на Гостивар и напомена дека досегашната соработка дала конкретни резултати.

– Беше тоа пријатна работна средба на која по прифаќањето на концепт нотата за заедничка апликација во ИПА фондовите за прекугранична соработка. Избраните тимови разговараа за втората фаза од аплицирањето со заеднички проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните на нашите две општини, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Гостинот од Косово, Сокол Халити дополни дека иако Витина е носител на апликацијата, доделените средства ќе распределат рамномерно во однос 50:50.

Двајцата градоначалници Таравари и Халити најавија дека во иднина ќе се работи поинтензивно на развојот на проекти од областа на културното наследство, промоција на туризмот, образованието, спортот и културата.

Според најавеното, во рамките на ИПА II – проект за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, во двете општини се планирани поправки

на пешачките мостови и проширување на зелени површини и спортско-рекреативните терени.

Со користењето на средства од оваа програма во Гостивар е предвидено да изгради нов пешачкиот мост да се изгради помеѓу двата големи моста на Вардар.

згм

Коментарите се затворени.