Летник: Насмевки, игра, цртање во градскиот парк

Гостивар, 14 март 2023 – Деца од повозрасните групи од гостиварските градинки на симболичен начин го одбележаа Летник, денот кој според народните верувања е најава на пролетта.

Неколку групи, со нивните воспитувачки во градскиот парк учествуваа во настанот кој го организираше локалната самоуправа

– Во соработка со установата која раководи со градинките, го искористивме убавото време за да ги изведеме децата во паркот на рекреација и дружење. Како повод го определивме народниот празник Летник, рече Аслијан Снопче раководител на секторот образование во општина Гостивар.

За децата кои од наесен ќе седнат во училишните клупи беше организирана програма со настап на група со маскоти од детскиот свет, мала ликовна работилница, а беше послужена и ужинка која ја донесоа родителите.

Во ЈУДГ „Детска радост“ која згрижува деца од претшколска возраст на територијата на општина Гостивар во повеќе објекти запишани се околу 750 деца за кои се грижат над сто вработени.

Коментарите се затворени.