Општина Гостивар потпиша меморандум за соработка на проектот „Еко иднина за Гостивар“.
Гостивар, 17 март 2023 (МИА) – Локалната самоуправа преку проект ќе ги дефинира приоритетите и подобрува состојбата во областа на екологијата во наредниве пет години. За оваа цел беше потпишан меморандум за партнерство со Organized Youth Association .
Од општина Гостивар информираат дека меморандумот за соработка ќе го опфати креирањето на стратешкиот документ за еколошките приоритети на општина Гостивар, меѓу кои и реактивирање на еко-патролата, чија улога ќе биде да организира акции за чиста животна средина.
– Подигнување на свеста во однос на еколошкиот спектар, заштитата на зелените површини и чистотата во градот ќе биде и активност во рамките на проектот „Еко-иднина за Гостивар“, наведуваат од општина Гостивар.
Потписи на меморандумот ставија претседателот на советот Ваљбон Лимани, а во име на организацијата Organized Youth Association (ОУА), Арт Спахиу.
Проектот „Еко иднина за Гостивар“ е имплементиран од Organized Youth Association во партнерство со Центарот за млади заедницата (Youth and Community Center Gostivar YCC) и Center for Youth Education and Mediation CYEM.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ што е финансиски поддржан од Владата на Шведска, а се спроведува од страна на Еко свест, Македонско здружение на млади правници и CNVP Foundation.
Коментарите се затворени.