Избегната трагедија: Пациентка со нож нападнала персонал во болница (ВИДЕО)

Гостивар, 30 март 2023 – Брза реакција и сплет на околности спречиле трагичен исход на несекојдневен настан. Пациентка со нарушено ментално здравје со нож нападнала медицински лица во гостиварската болница.

Според известувањето на ТВ Глоби/TV Globi, пациентката Б.Ј. првин предизвикала инцидент и нападнала медицински персонал на одделот за психијатрија, а набрзо потоа предизвикала и инцидент пред модуларната болница каде била совладана од болничкото обезбедување. Реагирало и обезбедувањето на болницата, па случајот поминал без повредени и само материјална штета.

„Полицијата брзо реагирала и ставила лисици на напаѓачот, жена која и претходно била пријавувана за агресивно однесување“

Во прилогот на ТВ Глоби се наведува дека оваа жена има проблематично однесување. За неа се знае дека претходно предизвикала пожар на два автомобили во Чајле и уште неколку напади.

По голготата и „префрлањето на топката“ околу одговорноста и кој треба да ја згрижи Б.Ј. конечно е најдено решение. Попладнево е реализиран нејзиниот транспорт до психијатриската установа „Бардовци“.

Во видеото подолу може да ја погледнете прилогот на ТВ Глоби за случајот

Коментарите се затворени.