Хуманитарна акција на When In Trouble: Велигденски базар
Гостивар, 7 април 2023 – Активистите на здружението „When In Trouble“ по повод православниот празник Велигден ќе организираат хуманитарна акција. Велигденскиот базар ќе се одржи на 14 април во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ .
– Во соработка со гостиварското архијерејско намесништво повторно го организиравме овој базар. Парите кои се собрани ќе се искористат за купување на прехранбени продукти кои нашите активисти ќе ги спакуваат и ќе ги распределат на лицата на кои тоа им потребно за овие празнични денови, рече Билјана Беловинова, претседателка на здружението.
Традиционално и оваа година на штандот за продажба на Велики петок ќе се најдат слатки, рачни изработки и украси.
Средствата собрани од продажбата се наменети за лицата од социјално загрозени семејства.
Коментарите се затворени.