ГАКУД Браќа Ѓиноски одржа велигденски концерт
Гостивар, 13 април 2023 – Членовите на градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ го одржаа традиционалниот Велигденски концерт. На сцената во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ беше изведена програма со повеќе фолклорни сплетови на ора и песни.
Членовите на фолклорната секција и игроорците настапија со повеќе кореографии и сплетови, како „Водарки“ и „Тресеница“. Публиката со долготраен апалауз ги награди најмладите членови на друштвото кои изиграа „пајдушко“ оро.
Покрај членовите на играорните групи и оркестарот како солисти пејачи настапија: Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска.
Од најстарото културно уметничко друштво во Гостивар, до љубителите на народниот фолклор и традиција упатија честитка за христијански празник Велигден и најавија нов концерт кон средината на летото.
Коментарите се затворени.